СДСМ: Повторно лажни вести од белиот дворец на Мицкоски

by fokus

Од СДСМ одговорија на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, кои на денешната прес конференција ги изнесе портпаролот Наум Стоилковски, кој обвини за злосторничко здружување на власта, за наводна легализација на фабрика за марихуана.

-Повторно лажни вести од белиот дворец, но има време, уште 4 години опозиција можеби ВМРО-ДПМНЕ ќе ја научи лекцијата од граѓаните

Единствената партија која гласно застанува во одбрана на криминалот и против правдата е ВМРО-ДПМНЕ.

Поразениот Мицкоски кој три пати доби казна од народот, загрижен за својата партиска фотелја, секојдневно продолжува со пласирање на лажни вести, очигледно надградени и со монтажи.

Ваквото штетно политиканство, полно со лаги, граѓаните го препознаа и го казнија Христијан Мицкоски на парламентарните избори.

Заглавени во нивната криминална матрица ВМРО-ДПМНЕ продолжува со своето деструктовно, неоговорно однесување.

Но има време, уште 4 години во опозиција, веројатно ќе бидат доволни ВМРО-ДПМНЕ да разбере и да ја научи лекцијата која со последниот пораз повторно им ја одржаа граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ.

Поврзани новости