СДСМ: Повеќе вакцинирани значи помалку рестрикции

by fokus

Растечкиот број случаи на новозаразени од коронавирусот повикуваат на одговорност и разум од секој поединец, изјави на денешната прес конфренција пратеничката од СДСМ, Емилија Рамбабова. Таа оценува дека исклучително е важно што повеќе граѓани да се вакцинираат во овој период и да не наседнуваат на лажни информации.

-Едноставно кажано, повеќе вакцинирани, значи помалку хоспитализирани и помалку рестрикции. Дезинформациските кампањи и теории на заговор пласирани од разни центри, кои ги одвраќаат луѓето од имунизацијата и сеат недоверба кон медицината и науката се на штета на здравјето на граѓаните. Затоа, да бидеме разумни, да бидеме одговорни кон себе и кон другите и да го дадеме својот мал, но значаен придонес во оваа борба која е заедничка за целиот свет – рече Рамбабова.

Поврзани новости