Состојбата со ковид во Кичево се влошува

by fokus

Од почетокот на месец август состојбата со Ковид-19 во Кичево секојдневно се влошува, бројот на новозаболени е во пораст, како и бројот на згрижени пациенти, кои се во исклучително лоша состојба, вели Неџат Балажи, началник на оддел во кичевската Општа болница.

-Вчера од 21-едно тестирано лице кај 12 наодот е позитивен. Додека во текот на денешното претпладне од 12 тестирани кај четири лица наодот е позитивен, а многу е полоша состојбата на граѓаните кои се снимиле на рендген, така од 25 снимени кај 14 наодот е позитивен. Загрижувачки е што сите 20 лица згрижени во модуларниот ковид – центар се на кислородна подршка и во тешка здравствена состојба. Моментално на скопските клиники имаме згрижено шест наши пациенти, од кои двајца се транспортирани во текот на денешниот ден и сите со тешка клиничка слика – вели Балажи.

Според него, граѓаните нималку не се дисциплинирани. Како што вели, продолжува масовното собирање и групирање главно на помладите, што е еден од главните поттикнувачи на Ковид-19.

-Досегашните апели никако да допрат до свеста на граѓаните, тие и понатаму се групираат и не водат сметка дека можат и самите да се заразат. Иако не можам со сигурност да потврдам, сепак според брзиот пораст на новозаразени, верувам дека е во прашање новиот делта сој на вирусот кој е многу вирулентен, а пациентите кои се веќе заразени имаат многу потешка клиничка слика и се животозагрозени – истакна Балажи.

Поврзани новости