414
Со реформите во полицијата се предвидува отстранување на посредничката улога на Управата за безбедност и контраразузнавање и се елиминира можноста за злоупотреба на таа институција, соопштија од владејачката СДСМ.
– Една од клучните реформи во борбата со организираниот криминал е отворањето на Националниот координативен центар за борба против организиран криминал кој наскоро ќе почне да функционира и во него ќе бидат вклучени Управата за финансиска полиција, Управата за јавни приходи, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа и Јавното обвинителство – се наведува во партиското соопштение.