Власта на Никола Груевски веднаш да ги повлече штетните, диксриминаторски и противуставни законски решенија за хонорарците, побара денеска опозицискиот СДСМ.
– Граѓаните кои во јануари треба да земат хонорар над 9590 денари, нема да може да си ги земат парите! Агенциите што треба да ја направат исплатата, немаат јасни насоки од надлежните инстуции за процедурата за исплата и затоа не исплаќаат хонорари над овој износ. Граѓаните кои чесно заработуваат за парче леб, не само што мораат да оставаат по 37 проценти од нивниот хонорар во Буџетот по основ здравствено и пензиско осигурување, не можат да си го земат ни останатиот дел од парите за месец јанури – изјави Мила Царовска од опозициската партија.
Според Царовска, во партијата имаат информации дека дел од работодавачите ќе ги намалат хонорарите под минималната плата, за да не ги чекаат пресметките на тромите институции.
– На овој начин, голем број граѓани не само што пак ќе останат без пензиско и здравствено осигурување, туку ќе добијат и пониски примања – истакна таа.