-Мерните станици постојано покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, а Никола Груевски го игнорира овој сериозен проблем којшто е на директна штета на здравјето на граѓаните.Политиките на Никола Груевски го уништуваат здравјето на граѓаните.
Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици во Скопје а граѓаните се гушат во нечист воздух. Последиците од загадениот воздух по здравјето на граѓаните се сериозно опасни, се вели во денешното соопштение на СДСМ.
Од опозициската партија посочуваат дека според официјалните податоци од мерните станици загадувањето на воздухот во Скопје изнесува речиси 8 пати над дозволеното, а во Битола и Тетово ПМ10 честичките изнесуваат речиси 7 пати над дозволеното, додека во Кичево 4 пати над дозволената граница.
-Македонија според Светска банка Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните со цврсти, канцерогени честички, а повеќе од 1.350 смртни случаи годишно има во земјава поради предизвикани болести на дишните патишта и рак, потсетуваат од СДСМ.