567
Подземјето во Битола поделено на два табори, потврдуваат разговорите што ќе ги објавиме, истакна Васко Ковачески од сдмсовскиот општински комитет во овој град, за време на презентацијата на 19-тата „бомба“.
Според разговорите што ги објави, битолскиот градоначалник Владимир Талески лобира кај Влатко Мијалков, прв братучед на премиерот Никола Груевски, за да го отстрани Кире викан катангата од началничкото место во полицијата, бидејќи припаѓал на противничкиот табор, притоа оцрнувајќи го како рекетар.
Како што посочи Ковачески, во тоа време братот на Кире-катангата бил претседател на Основниот суд во овој град, што, според него, покажува како функционирале шемите на власта во градот на конзулите.