Снимка на СДСМ со Јанкуловска: Магаре нека стават за продекан, а не комуњарката Ременски

by Фокус 13:41
13:41

На една аудио снимка објавена од СДСМ во Битола се слуша како министрката Јанкуловска му се жали на владиниот секретар Кирил Божиновски за изборот на Фросина Ременски од СДСМ за продекан на Факултетот за безбедност кој работи под капата на битолскиот универзитет.

Јанкуловска признава дека многу се изнервирала оти комуњарката Ременски добила таква висока позиција во време на ВМРО ДПМНЕ. Дури му открива на Божиновски дека интервенирала кај ректорот Злтако Жоглев да не ја избираат, но никој не ја послушал.

На прашањето на Божиновски која е таа Ременски, Јанкуловска ја посочува како организатор на протестите на студентите по криминалистика пред владата. Во една реченица Јанкуловска признава дека и пукнал филмот и дека подобро би било магаре да изберат за продекан отколку Ременски, затоа што таа и Слаѓана Тасева постојано јавно ја критикувале политиката на ВМРО ДПМНЕ.

 

Поврзани новости