Опозицискиот СДСМ денеска поднесе кривична пријава до битолското Основно Јавно Обвинителство против градоначалникот на Битола, Владимир Талески. Кривичната пријава произлегува од тврдењата во јавно објавените разговори на министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески и првата полицајка Гордана Јанкулоска.
– Во своето признание, Ставрески го нарекува Талески „тежок криминалец“ кој потпишал, цитирам: „коруптивен до даска договор“. Станува збор за договор за превоз на ученици, од јуни 2010 година, во кој договорените цени се дури 10 пати повисоки отколку пазарните цени. Очекуваме Обвинителството да постапи согласно законите.Немаме доверба во судството, поради контролата на власта над правосудните органи, но ние ги почитуваме Уставот и законите и сакаме да оставиме трага од сите овие процеси – истакна пратеникот Васко Ковачевски од Битола.