СДСМ подготви закон за заштита на зеленилото и за зголемување на процентот на зеленилото во градовите кој ќе го достави до Собранието веднаш по формирањето на новото парламентарно мнозинство.
Благој Бочварски, претседател на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ, денеска соопшти дека со овој закон нема да се дозволи да се пренаменуваат површините наменети за зеленило,спорт и рекреација планирани во Генерален урбанистички план или во Детален урбанистички план
– Во градежните парцели наменети за станбени куќи и станбени згради процентот на зеленило ќе го зголемиме од 30 проценти, на минимум 40 проценти. На сметка на тоа ќе биде намален процентот кој е предвиден за градење во парцела, од 70 проценти на максимум 60 проценти- рече Бочварски.
Со овие измени, вели Бочварски ќе се придонесе за заштита на зеленилата како клучен фактор за заштита на здравјето на граѓаните.
– Во Македонија досега се правеа урбанистички планови за бизнис интереси на криминалната власт на ВМРО ДПМНЕ, без да се води грижа за хуманото живеење. Исекоа многу паркови. Уништија многу зелени површини за непотребни градби, што немаат никаков приднес за развој на градовите. На тој начин е нарушена циркулацијата на воздухот. Тоа е и една од причините зошто Скопје е во првите три најзагадени градови градови во Европа, а на врвот по зададување на воздухот се и Тетово и Битола – подвлече тој и најави дека во периодот што доаѓа сите граѓани ќе ги почувствуваат промените што ги избраа и што веќе се случуваат.