-СДСМ во континуитет ги поддржува барањата на граѓанските организации.Неопходна е транспарентност во преговарачкиот процес. Од тие причини постојано укажуваме дека е потребно активно вклучување на граѓанскиот сектор во преговарачкиот процес – порача опозицијата, по герила-акцијaта на граѓански активисти пред резиденцијата на амбасадорот на САД.
Претставници на над 80 граѓански организации коишто се иницијатори на протестите, денеска пред Резиденцијата на амбасадорот Џес Бејли, каде што во моментов се одвиваат меѓупартиски преговори го искажаа револтот што и покрај нивните барања, не се вклучени во преговарачкиот процес.
На улицата со боја испишаа „Граѓаните ќе ја решат кризата“ како порака за политичарите кои се внатре водат преговори.
Граѓанскиот сектор бара вклучување во преговорите за да врши мониторинг и тие да бидат транспаренти. Претставниците велат дека граѓанскиот сектор во преговорите може да понуди и предлог решенија за прашањата за кои партиите не можат да се договорат.