„Граѓаните ќе ја решат кризата“ испишано пред Резиденцијата на САД

by fokus

Поддржувачи на Шарената револуција попладнево со боја испишаа „Граѓаните ќе ја решат кризата“ пред Резиденцијата на амбасадорот на САД каде што во моментов траат преговорите меѓу партиите потписнички на Договорот од Пржино.

Граѓанскиот сектор бара вклучување во преговорите за да врши мониторинг и тие да бидат транспаренти. Претставниците велат дека граѓанскиот сектор во преговорите може да понуди и предлог решенија за прашањата за кои партиите не можат да се договорат.

 

ФОТО: Мета

Поврзани новости