СДСМ: Почит за понудената оставка на Филипче

by fokus

Владејачката СДСМ доцна вечерва преку соопштение изрази, како што напишаа, почит кон одлуката на министерот Венко Филипче за понудената оставка.

-Како партија изразуваме почит кон одлуката на министерот Венко Филипче за понудената оставка и ги почитуваме одлуките и на заменикот-министер за здравство и директорите на болницата во Тетово. Одлуката на министерот за здравство Филипче, поттикната од чувството на морална одговорност, ја отсликува неговата посветена, чесна работа како одговорен министер, со строго почитување на етичките правила и морал. Министерот Филипче е пример за одговорен политичар кој избра да им служи на граѓаните и да се бори за нивното здравје и нивните животи, стои во соопштението од СДСМ.

Поврзани новости