65
СДСМ има јасен план за европска Македонија, прецизна изборна програма со конкретни мерки и проекти, велат од владејачката партија.
Како што наведуваат, во фокусот на програмата е унапредувањето на животниот стандард на сите граѓаните, пред се поддршката за младите.
„Новата влада на СДСМ ќе обезбеди по 200 евра месечно во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години. Од особено значење за младите е европската иднина на државата. Младите сакаат да живеат во европска Македонија, со европски стандард, европски вредности и начин на живот.
Со СДСМ нема откажување од европскиот пат. СДСМ посветено ќе работи на завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство во унијата до 2030 година“ порачаа од СДСМ.