Антизападниот пион Христијан Мицкоски денеска пропушти прилика на јавноста да и објасни како добивал тендери од Владата на неговиот ментор Никола Груевски, за хидроцентрали, додека му бил советник, реагираа од владејачката СДСМ.
,,Осамени во својата деструкција, Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ треба да се помират со реалноста, нема да ја закочат иднината, Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ.Преостанатите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ треба ги напуштат погубните политики на Мицкоски против ЕУ и НАТО и да се приклучат кон интегративните процеси. Сите пратеници, а особено преостанатите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ треба да гиподдржат уставните измени и преку процесот во Собранието заеднички да обезбедат иднина во ЕУ и НАТО. Особено сега, кога амандамните се пред јавноста, пред граѓаните и се е кристално јасно и потврдено: македонскиот идентитет е зајакнат и обезбеден, отворени се вратите за членство во НАТО и ЕУ”, е ставот на владејачката партија.