Прва победа на Металург годинава

by Fokus

Ракометарите на Металург и се радуваа на првата победа сезонава  откако во меч од 6.коло во групата Ц го совладаа Чеховски Медведи со 25-24. Македонскиот вицепрвак одигра извонредно прво полувреме со предност од 16-10, а залихата од 6 голови овозможи победнички финиш.

Гостите од Русија го преполовија водтството  на  Металург во вториот дел,  а во последната минута стигнаа и до -1. Одличен на голот кај домашниот состав во СЦ Борис Трајковски  беше  Никола Даниловски со 16 одбрани од кои 12 во првиот дел.

ФОТО: Телма

Поврзани новости