Од денеска граѓаните ќе можат да пријават нерегуларности во Избирачкиот список на директниот телефонски број 02/ 3293-109, а после правниот тим на СДСМ ќе ги проследи овие пријави во соодветна законска форма до Државната изборна комисија. Со вакво соопштение излезе опозициската партија од каде сметаат дека прочистен, кредибилен избирачки список е еден од предусловите за фер и демократски избори во Македонија.
– Затоа независната институција, Државната изборна комисија, мора да обезбеди целосно прочистување на избирачкиот список за во Македонија да важи правилото еден човек-еден глас. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги охрабрува граѓаните да продолжат да го проверуваат избирачкиот список и да го искористат законското право да пријават неправилности до Државната изборна комисија – се наведува во соопштението од СДСМ.
Од таму велат дека јавноста секојдневно се запознава со нови и нови примери за хаосот во Избирачки список.