СДСМ: Околу 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија

by fokus

Една четвртина од населението или околу 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија, а Светска банка ја потврди тажната вистина за Македонија и нејзините граѓани дека над 180.000 граѓани живеат со по 40 денари на ден, се вели во денешното партиско соопштение на СДСМ.

-Промашените економски политики на Никола Груевски го полнеа џебот на неколкумина луѓе од врвот на власта, а ги осиромашуваа останатите граѓани. Затоа граѓаните на 11 декември имаат избор или сиромаштија или достоинствен живот. За достоинствен живот мора да има и достоинствена плата и грижа за социјално загрозените категории на граѓани. Во нашиот План за живот минималната плата веднаш уште во првите 4 месеци ќе ја зголемиме на 12.000 денари и таа ќе важи еднакво за сите работници. До крајот на мандатот минималната плата ќе изнесува 16.000 денари, велат од СДСМ.

Од СДСМ велат дека според нивната програма, секое четиричлено кое не остварува никаков приход ќе добие 12.000 денари месечно, а семејствата што остваруваат приход под 12.000 денари ќе ја добијат разликата до 12.000 денари.

Поврзани новости