553
Извршниот одбор на СДСМ на вечерашната седница одлучил да не прифати предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.
Претходно, пред почетрокот на седницата премиерот Зоран Заев изјави дека не е добро време за избори.
-Направивме анализи и истражувања, разговаравме со меѓународните фактори и Општинските организации, Централниот одбор дебатираше и даде насоки уште пред нкеколку седмици, јас верувам дека ќе донесеме одлука, и штом ќе ја донесеме одлуката, официјално ќе ја соопштиме преку вас новинарите до граѓаните, изјави Заев.