Мицкоски: Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја

by fokus

По неофицијалната информација дека СДСМ нема да прифати предвремени парламентарни избори, со своја рекација на Фејсбук излезе претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Зоран Заев и СДСМ избегаа од избори, ама од волјата на народот нема! СДСМ е во страв и хаос. Многу брзо ќе се соочат со вистината на сопствениот неуспех. Колку и да бегаш Заев ќе те победам на парламентарни избори, затоа што народот ќе ве порази, ќе ја вратиме честитоста на нашата земја, Македонија ќе победи!, напиша Мицкоски.

Поврзани новости