662
Под мотото „На прав пат“, СДСМ започнува нова кампања чие лого ќе биде со црвено бела боја, односно во боите на Партијата на европски социјалисти.
Кампањата на владејачката партија почнува од сабота со трибина од Штип. Планирани се 10 поголеми трибини и 14 помали низ целата држава, а од 20 октомври партиски тимови ќе одат од „врата на врата“ со цел на граѓаните да им се објасни што е сработено од планираното.
Генералниот секретар Љупчо Николовски на брифингот со новинарите најави дека се активира партискиот центар за аналитика, како и дека ќе се засили системот на контрола на одговорноста на партиските функционери. Над 1000 надворешни лица преку анкети ќе вршат и евалуација на сработеното од градоначалниците.