Мицкоски одби да одговори која марка е часовникот што го носи

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска одби да одговори која марка е часовникот што го носи на рака. На прашање од новинар „Што саат е тоа на вашата рака?“ тој одговори со прашање.

-Ве интересира конкретно што саат е? праша тој.

Откако новинарот рече дека прашува за да знае дали е часовникот прецизен, Мицкоски рече:

-Прецизен е, да, ама ми рекоа дека ќе доцнат медиумите затоа што имало гужва во град. Инаку, бев подготвен за да почнеме со прес конференцијата – рече лидерот на опозицијата.

Поврзани новости