СДСМ: Од каде им се милионите евра на „Курир“ и „Република“?

by Фокус

Опозицискиот СДСМ и денеска преку соопштение бара одговор од порталот „Курир“ зошто 13 дена молчат кој ги финансира и за приходите од 1.3 милиони евра.

– Јавноста дозна за приходите од 1.3 милиони евра за фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на Курир. Поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, фирмата сопственик на Курир, со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП, открива сериозни сомнежи. Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ. Оваа фирма покрај сопственик на радиото Слободна Македонија сопственик е и на К Три телевизија ДООЕЛ Куманово. Граѓаните дознаа дека истата оваа фирма, НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, зад којашто лично стои братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков – се наведува во соопштението од СДСМ.

Според нив, Владислав Стајковиќ освен до Мијалков е близок и до Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-мобиле Македонија и воедно кумашин на братучедот на Груевски, Сашо Мијалков

– Вистината за Македонија откри дека НВСП, фирмата на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.  Нема одговор од неделникот Република на кој начин се стекнал со приходи од над 1,1 милион евра. Официјалните документи на Централен регистар потврдуваат дека неделникот Република во сопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварил приходи во висина од 1,1 милиони евра за период од три години. Како Република остварил приход од над 1,1 милиони евра? Молкот за овие големи приходи отвараат сериозен сомнеж за начинот на којшто се финансира и овој провладин неделник – пишуваат понатаму од СДСМ.

Поврзани новости