Дел од административците му се пожалија на Кирацовски на политички притисоци

by Фокус

Административни службеници и вработени во јавниот сектор вчера на трибина во Струга му се пожалија на заменикот министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, на секојдневните тешкотии со кои се соочуваат на работното место, демотивираноста, политичките притисоци и „гушењето“ кое доаѓа од новиот закон за административни службеници, донесен од оваа власт, особено во делот на грубото оценување.

Тој вети дека во најскоро време ќе излезе со предлог закон за укинување на овој модел на оценување во администрацијата, како и други предлози за измена на законските одредби кои ја комплицираат нивната работа.

Поврзани новости