СДСМ: Од каде и се милионите на ВМРО – ДПМНЕ за лични и партиски цели?

by Fokus

По излегувањето на текстот на „Република“ во кој се тврди дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев ја довел партијата до банкрот, со реакција се јавија и од опозицијата. Од таму тврдат дека неделникот под контрола на Никола Груевски само потврдува дека СДСМ како партија на граѓаните се финансира согласно законските прописи во државата, од членарини, донации и преку кредити.

– Разбирливо е чудењето на Груевски и нивните мегафони, ако се земе предвид дека Никола Груевски и неговата власт 10 години работат противзаконски, богатејки се со криминал и корупција преку грбот на граѓаните до рајските земји. ВМРО-ДПМНЕ е партијата којашто пред граѓаните и пред надлежните институции многу скоро ќе мора да објасни од каде им се милионите за лични и партиски цели со коишто ги донесоа луѓето и државата до банкрот – се наведува во партиското соопштение.

Од таму прашуваат од кои средства ДПМНЕ ја подигнале нивната тврдина, тешка според проценките меѓу 15 и 30 милиони евра и како Груевски ја покри финансиска дупка на партијата од 3.500.000 евра констатирана во извештајот на ВМРО-ДПМНЕ за изборите во 2011-та година?

– Ако се вратиме уште поназад, ќе стигнеме и до парите во кеш што ги примала лично Јанкулоска како генерален секретар на партијата и почетоците на криминалната империја на Груевски и неговите помошници. Тој и ВМРО-ДПМНЕ направија историско финансиско злосторство на државата, задолжувајки ги граѓаните со огромни 450 милиони евра плус камати! – се наведува понатаму во соопштението од СДСМ.

Поврзани новости