СДСМ: Од денеска секое домаќинство може да користи евтина тарифа на струја

by fokus

Од денеска ветувањето за евтина тарифа на струјата е целосно исполнето, соопштуваат од СДСМ откако ЕВН Македонија заврши со имплементација на дневната евтина тарифа за сите достапни броила.

„Секое домаќинство може да користи евтина тарифа на струјата секој ден од 14-16 часот, како и од 22 часот во сабота до 7 часот во понеделник. Ова значи пониски сметки за електрична енергија и повеќе пари во семејните буџети. Истовремено, укината е радиодифузната такса со што дополнително се намалуваат трошоците за живот и остануваат повеќе пари кај граѓаните“, соопштуваат од СДСМ.

Од таму додаваат дека граѓаните ги ползуваат придобивките од одговорното, отчетно и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ којашто, посочуваат од партијата, за неколку месеци оствари клучни ветувања од Програмата за живот.

„Со што се решија долгогодишни проблеми на различни категории граѓани и се обезбедија повеќе пари за домаќинствата. Владата предводена од СДСМ продолжува со одговорното, домаќинско и транспарентно работење што обезбедува можности за сите и повеќе пари кај граѓаните. По заокружувањето на промените на локалните избори, таквиот пристап во работата продолжува и на локално ниво кога новите општински администрации предводени од СДСМ ќе работат одговорно и во интерес на сите граѓани“, стои во партиското соопштение.

 

Поврзани новости