Граѓаните, целата домашна и меѓународна јавност многу добро знае кој со години нелегално прислушуваше десетици илјади граѓани: режимот на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, тврдат денеска од СДСМ за прислушувањето во ОЈО.
-Очигледно е, случајот со снимените телефонски разговори во Основното јавно обвинителство е остаток од минатото и минатите владејачки недемократски структури предводени од ВМРО-ДПМНЕ. Нелегалното прислушување и системското прекршување на правата и слободите на граѓаните беше нивна одлика. Од таквите криминални и антинародни политики, Христијан Мицкоски никогаш ниту се огради, ниту се извини, ниту пак некогаш ги осуди. Напротив, тој прави се за да го одбрани Никола Груевски и неговиот криминал. СДСМ очекува од сите надлежни институции до крај да го расчистат овој случај. Убедени сме,виновниците за нелегалното прислушување ќе бидат пронајдени и соодветно санкционирани, велат од СДСМ.