СДСМ обвинува за колапс на РЕК Битола, РЕК Битола демантира

by Фокус 20:26
20:26

Вториот блок на РЕК Битола не работи, иако пред само две години целиот комбинат беше целосно модернизиран за што се потрошија 50 милиони евра,сега граѓаните ќе треба повторно да плаќаат,  реагираа денеска од СДСМ.

-Вториот блок во РЕК Битола не работи поради дефект и хаварија со цевките, а само пред 10-тина дена блок 1 на енергетскиот комбинат не работеше. Само пред нецели две години наводно се модернизираше котелот во блок 2 и беа променети цевките за што платија граѓаните. Власта потроши над 50 милиони евра пари на граѓаните за модернизација на целиот комбинат. Но дефектите не престануваат, се наведува во соопштението од СДСМ.

- Advertisements -

Од РЕК Битола демантираат и велат дека нема никаков колапс, ниту хаварија на термоблоковите во РЕК Битола, туку станувало збор за краткотраен технички зафат на еден од постојните три термокапацитети во овој комбинат.

-РЕК Битола апелира СДСМ да не ја вознемирува јавноста со невистини и шпекулации и да не го користи Комбинатот за производство на електрична енергија како алатка за собирање ситни дневнополитички поени.  Станува збор за сосема вообичаен технолошки настан во тридецениското функционирање на термоелектраната, велат од РЕК Битола.

 

Поврзани новости