Осомничен за „Диво Насеље“ екстрадиран во Македонија

by Фокус

Бесник Бајрами од селото Отље кој е осомничен за настаните во кумановско „Диво насеље” лани во мај, денеска беше екстрадиран во Македонија од Република Србија. За него имаше распишано меѓународна потерница.

Јавното обвинителство на Македонија соопшти дека екстрадираниот македонски државјанин е oсомничен за сторени кривични дела „терористичка организација” и „тероризам” поврзани со настаните во „Диво Насеље“.

Бајрами е осомничен дел бил дел од логистичката поддршка за терористичката група која пукаше во Куманово. Тој бил уапсен лани во ноември при обид да премине од Косово во Србија.

Поврзани новости