Фактите за скандалот со медицинскиот отпад покажуват директна поврзаност со ВМРО-ДПМНЕ и криминалот на Никола Груевски, кој Христијан Мицкоски ревносно го брани, обвинија од СДСМ. Според партијата, обвинителката во предметот, која два месеца не се изјаснува за истражната постапка, е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поставена од Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска.
„Горан Ангелов долги години беше директор на Дрисла, го примал инфицираниот отпад да се депонира, е кадар на ВМРО-ДПМНЕ, поранешен градоначалник и кандидат за претседател од оваа партија во 2019 година. Затоа, извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да го заташкаат случајот откако се потврди дека со години ги труеле граѓаните и природата“, стои во партиското соопштение.