СДСМ: Образованието во времето на ВМРО-ДПМНЕ беше меѓу најлошите во Европа и светот

by fokus

Преку долгогодишните погубни политики, ВМРО-ДППМНЕ системски го уништуваше образованието. Доказ за тоа се и многуте рангирања на престижни меѓународни институции и организации кои образованието во Македонија го рангира како едно од најлошите во Европа, како и ПИСА тестирањето на кое поради лошиот образовен систем, учениците од Македонија имаат едни од најлошите резултати во светски рамки, реагираат од СДСМ на прес конференцијата на Лука Кржаловски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Преку новата Влада што ја предводиме, активно работиме на санирањето на штетите што ВМРО-ДПМНЕ ги направи во образованието.  Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ системски го уништуваше образованието со избрзани, несоодветни и неквалитетни проекти со што предизвика огромни штети врз учениците, наставниците и образовниот процес“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на Лука Кржаловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека новата Влада активно работи на санирање на штетите што ВМРО-ДПМНЕ ги направи во образованието и создаваат здрава основа за темелни реформи кои ќе овозможат квалитет во образованието и кои ќе бидат во интерес на учениците, студентите, наставниците и професорите.

Поврзани новости