Славјанка Петровска од СДСМ на денешната прес конференција објави личната карта, за која тврди дека е на Данела Арсовска издадена од бугарските власти.
„Веќе објавивме дека во 2011 година Арсовска се стекнала со бугарско државјанство, за што постои и документ, односно уверение. Денеска пред јавноста објавуваме уште еден документ, ова почитувани граѓани е личната карта на Арсовска издадена од бугарските власти. Бугарско државјанство, бугарско лична карта на Арсовска. Со број, со датум на раѓање, потпис, со адреса во градот Петрич, која патем се уште е важечка. Ова лична карта на Арсовска е издадена на 5 мај 2017 година. Само една недела по крвавиот четврток, по крвавиот 27 април, и насилниот упад во собранието“, изјави Славјанка Петровска, СДСМ.
“Арсовска може да се крие зад партиски соопштенија а при тоа да тврди дека е независна, но од вистината бегање нема“, нагласи Петровска.