„Антикорупцискиот тим на СДСМ објавува нов скандал во ЈП Државни патишта тежок речиси 4 милиони евра. Точно 3,8 милиони евра, пари на граѓаните завршуваат во хонорари и до 25.000 евра месечно, најголем дел од нив странци. Преку тендер во ЈП Државни патишта на Коце Трајановски и склучен договор за техничка помош. Додека Владата на Мицкоски одбива да ја покачи минималната плата и македонските работници работат за мизерни 400 евра се трошат речиси 4 милиони евра народни пари за хонорари од 25 илјади евра месечно“ рече денеска на прес-конференција Петар Огњеновиќ – член на Извршниот одбор на СДСМ.
Тој вели „Со одлука на Коце Трајановски ЈП годишно ќе плаќа околу 950.000 евра за само 13 експерти. Па каде е овде логиката? Вредноста е колку нето платите и надоместоците за 92 вработени во јавното претпријатие! Ова е голем скандал. Уште еден пример за криминални тендери. За 4 години ангажман, тим лидерот од овие експерти ќе добие 550.000 евра, половина милион евра“.
„ВМРО-ОКГ им дели милиони на „експерти“ додека македонски работниците се отпуштаат од работа, над 1500 работници се останати без разбота поради Мицкоски. Кој ги одредил овие астрономски хонорари? Како е можно да нема пари за македонските работници, а има за привилегирани поединци? Кој профитира од ваквите договори? Дали на овој начин се пумпаат пари на граѓаните?“ прашува Огњеновиќ.