Од Социјалдемократскиот сојуз реагираат дека медиумите блиски до власта не известуваат за секојдневните протести на Шарената револуција и продолжуваат „бескомпромисно да го бранат Груевски и ВМРО ДПМНЕ”.
-Медиумските курири, платени со пари на граѓаните, не престануваат со ширењето лаги и невистини. Преку извртување на вистината сакаат да ги сокријат криминалите на ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски. Плашејќи се од вистината и враќањето на правдата, тие бескомпромисно го бранат Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.Затоа медиумските курири не пренесуваат ниту една вест од секојдневните протести преку кои граѓаните бараат промени и враќање на правдата, слободата и демократијата.- реагираат од СДСМ
Од партијата порачаа дека никој не може да избега од одговорноста и секој што го прекршил законот ќе одговара.