СДСМ јасно и гласно кажува дека никој нема да го загрози статусот на Македонскиот јазик и унитарноста на државата. Ќе се овозможи практична примена на јазиците на заедниците според нивните потреби, исклучиво согласно Уставот на Република Македонија, реагираа од СДСМ на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
– Македонија ќе биде унитарна држава на сите граѓани, ќе има нова реформска Влада и таа Влада ќе обезбеди евро-атлантски интеграции, квалитетен живот, независни институции и правда, за сите! На тоа се обврзува новата Влада во Програмата, единствениот валиден документ за граѓаните, јавно поставен на веб страницата на СДСМ и добро познат на домашната и меѓународната јавност – тврдат од СДСМ.
Според нив, само Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ имаат потреба да зборуваат за непостоечки теми во обид да ги покријат своите криминални платформи.
– Овие истрошени политичари, исплашени од промените и соочувањето со правдата, го чувствуваат распадот на режимот што носи и нивен политички крај – се наведува во соопштението од СДСМ.