-Нели на Никола Груевски му дојде до измислици за федерализација, мора да станал свесен дека ништо друго не ги покрива неговите катастрофални политики. Неодговорниот Груевски во последните денови од неговиот мандат се обидува да разгорува меѓуетнички тензии, но граѓаните на Македонија никогаш не биле поединствени, реагираат од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека опозициската партија сакала да ја федерализира Македонија.
Од СДСМ велат дека тие градат единствена Македонија, едно општество за сите граѓани, а тоа стоело и во проектот „Визијата за Македонија“.
„Груевски со неговите лаги за непостоечка федерализација, не може да ја избегне одговорноста за:
-626.312 граѓани кои заминале од Македонија!
-За над 180.000 граѓани кои живеат со по 40 денари на ден!
-За смртта на новороденчиња, три пати поголема во Македонија од просекот на земјите од Балканот и ЕУ!
-За првото место на Македонија во ЕУ по изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички, поради што умираат повеќе од 1.350 луѓе годишно!
На 24 април заминуваат и Груевски и неговите измислици. Единствена Македонија му порачува на Груевски: Збогум Никола!“, стои во соопштението на СДСМ.