СДСМ: Нема да дозволиме блокада на целиот државен систем

by Фокус

Демократските процеси ќе продолжат и државата мора да профункционира во полн капацитет, бидејќи во прашање е доведена егзистенцијата на граѓаните и на фирмите поради неразумните блокади со кои се спречува мирен трансфер на власта, порачуваат од СДСМ.

„Министрите во заминување имаат технички овластувања. Престануваат за брзо време сите ингеренции на градоначалниците и советите во општините, а нови локални избори не може да се закажат без нов претседател на Собранието. Тоа би значело блокада на целиот државен систем, што парламентарното мнозинство нема да го дозволи“, стои во соопштението на СДСМ.

Воедно, од партијата нагласуваат дека институциите, политичките партии и сите поединци треба да знаат дека поттикнувањето на тензии меѓу граѓаните и активностите против државните интереси се тешко погазување на Уставот и на законите на Република Македонија и казниво дело, кое повлекува сериозна кривична одговорност.

Поврзани новости