ВМРО-ДПМНЕ: Тиранската платформа нема да помине

by Фокус

Република Македонија нема да има два официјални јазици на цела територија, банкнотите нема да станат двојазични, нема да се менуваат униформите, ниту грбот, знамето, името, ниту ќе се дозволи федерализација или кантонизација на државата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалецот Заев во надеж дека ќе се спаси себе си и криминогената врхушка на СДС околу него од кривичен прогон е спремен да направи Влада врз основа на Платформата од Тирана. Криминалецот Заев и СДС во целост ја прифатија Тиранската Платформа и сите точки од истата, а тоа го потврди и неговиот сопартиец Мухамед Зекири. Криминалецот Заев ако мора да си го плати долгот кон нарко-мафијашките структури и партнерите од надвор, кои и му ја сервираа Тиранската Платформа, што мора да ја испорача, може да го плати од фирмите на кланот Заеви, становите на Шекеринска и Шилегов и хациендите на Богоев, но не и со македонските национални интереси“, велат од ДПМНЕ.

Поврзани новости