Вчера, непосредно пред одржувањето на митингот на СДСМ во Неготино, младите од партијата имале акција под мотото ,,Да го исчистиме градот од ѓубрето’’ и успеале да наполнат неколку вреќи со хартиени отпадоци, односно со летоци со навредлива содржина за лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Како што информираат од СДСМ Неготино, Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ Неготино, низ целиот град, по улиците рафрлила флаери со навредлива содржина за Заев, што ги мотивирало младите од СДСМ да ја организираат акцијата на чистење.
,,Акцијата на младите ВМРО-вци беше осуетена од страна на локалниот клуб на СДСМ, па нашите активисти ги собраа летоците, и им ги вратија пред просториите на Општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ. Го исчистивме градот од ѓубрето на ВМРО – вци, и се надеваме дека во иднина нема на сличен начин да се однесуваат и да расфрлаат хартија по улиците. Не е културно, а и не доликува на една урбана средина’’, вели претседателот на СДСМ Неготино, Васко Стефанов.
И покрај лошото време и дождот, на митингот на СДСМ голем број неготинчани дојдоа да му ја дадат поддршка на Заев. По настаните со лозарите и катастрофалната состојба со откупот и цените на грозјето, се поголем е бројот на лозари кои што застанаа на страната на Заев, кој вети посебни мерки за помош на земјоделците.
Вики Клинчарова