Христијан Мицковски има право да се изолира себе си, но не и државата, одговори владејќката СДСМ на изјавите на претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека извршниот одбор на оваа партија решил да ги прекине сите контакти и дека нема да има средби со владејаќкото мнозинство околу уставните измени.
Од СДСМ велат дека не придаваат големо значење на изјавите на Мицковски, кој денес рече дека ги повлекува предлозите за уставните измени и дека е отворен патот само за предвремени избори.
„Со оглед на тоа дека Христијан Мицкоски во изминатиот период дијаметрално менува ставови во секоја изјава не гледаме потреба да придаваме преголемо значење. Тоа е одлика на човек кој често менува став и нема основно чувство за државност. Место да работи на интеграција, Христијан Мицкоски сака да се прикажува како експерт за изолација и блокади. Мицкоски има право да се изолира себеси, но нема право да ја изолира државата’, соопшти СДСМ.
Според владејачката партија неговата штетна политика на одбивање дијалог и обиди за блокади е доказ дека е подготвен и да ја закочи државата, да биде изолирана, само затоа што нема капацитет и не знае да реши ниту еден проблем.
„СДСМ нема да дозволи земјата да изгуби нови 11 години во изолација, како што се случи тоа во времето на шефот на Мицкоски, Никола Груевски. Заедно со коалициските партнери и со сите партии кои се за европска иднина во европскиот блок ќе продолжиме со одговорно и државничко однесување. Ќе направиме се за продолжување на европскиот пат на земјата, да ја внесеме Македонија во ЕУ и да ја релизираме стратешката цел“, соопшти СДСМ.