СДСМ: НАТО не значи само стабилност, туку и повеќе пари во секое семејство

by Фокус

Со поканата за влез во НАТО Македонија оствари уште еден историски успех за државата и нејзините граѓани, соопшти владејачкиот СДСМ.

„Влезот во НАТО е остварување на врвните стратешки цели на Македонија, поставени уште од денот на нејзиното осамостојување. Се остваруваат децениските заложби на претходните и сегашните генерации, се обезбедува стабилноста, развојот и иднината на наредните генерации. Членството во НАТО не значи само обезбедена сигурност и стабилност, тоа значи и повеќе инвестиции, зајакната меѓународна доверба во македонската економија, нови работни места и повеќе пари во секое семејство“, стои во партиското соопштение.

Во него уште се додава дека после години изолација, неизвесност и стагнација, денес вратите за членство во НАТО и започнување преговори со ЕУ се отворени, а македонскиот идентитет и иднина се обезедени.

Поврзани новости