506
Отстранети се сите пречки и наскоро ќе биде донесен законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатија со доминантна сопственост на државата, во јавноста познат како законот за стечајци, се вели во утринското соопштение на СДСМ.
– Во него се додава дека „со оваа мерка ќе се реши проблемот со статусот на стечајните работници и ќе се исправи долгогодишната неправда кон оваа категорија на граѓани. Со законското решение ќе бидат опфатени околу 3.000 стечајни работници кои ќе добиваат месечен надоместок од 7.596 денари за што се обезбедени пари преку ребалансот на буџетот – се наведува во партиското соопштение.