Дума: Никој не го избрка новинарот од „Курир“, сам си замина

by fokus

Новинарот од интернет порталот „Курир“ сам си заминал од седницата на Државната изборна комисија на која се расправало за членови на изборни комисии, велат од ДИК. Виолета Дума, член на Комисијата предложена од СДСМ, демантира дека побарала новинарот да биде отстранет. Бара да биде објавена видео снимата од седницата, за јавноста да пресуди.

-Никој не го избркал, сам си отиде. Јас само прашав од која телевизија се, затоа што немаше лого, а тоа беше единствената камера. Тој ми рече дека е од „Курир“ и тоа беше се. Си продолжија да снимаат, а после некое време сами ја напуштија седницата. Во име на вистината нека ја пуштат целата снимка до крај, па јавноста нека пресуди. Ниту мој глас ќе се чуе, ниту моја реакција – вели Дума која додава дека се тендециозни написите против неа.

Според обвинувањата во некои медиумите на иницијатива на Дума бил избркан новинар од јавната седница на ДИК со образложение дека само телевизиски куќи, а не интернет портали, можеле да снимаат.

Поврзани новости