517
Лажните анкети спроведени од институтите на ВМРО-ДПМНЕ нема и помогнат на опозициската партија да го избегне поразот на претстојните локални избори, реагираат од владејачката партија.
– Нарачаната лажна анкета со измислени рејтинзи од таканаречениот институт „Димитрија Чуповски“ само го докажува огромниот страв на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ од извезниот пораз на изборите. Сите релевантни анкети го потврдуваат фактот Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе претрпат убедлив пораз за нивната криминална, расипничка и деструктивна политика и дека мнозинството граѓани ќе гласаат за нови, одговорни и услужни локални власти предводени од СДСМ и коалицијата и ниту една лажна анкета нема да го смени тој факт – се наведува во партиското соопштение.