ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со одговорното, транспарентно и домаќинско работење на Владата предводена од СДСМ и државните и јавни институции и претпријатија и затоа секојдневно измислува лажни вести, реагираат од СДСМ на денешните обвинувања од Мицкоски за незаконско работење на АД ЕЛЕМ.
-Лажни се тврдењата за наводни незаконски постапувања во АД ЕЛЕМ. Според јавно објавените информации од АД ЕЛЕМ, тендерот за избор на фирма за технолошко чистење во РЕК Битола за кој денеска ВМРО-ДПМНЕ неосновано обвинува е поништен на шести март откако е утврден пропуст во тендерската документација, а по добивањето на дополнителната документација од службата во рудниците во РЕК Битола, тендерот повторно ќе биде објавен во текот на следната недела. Паралелно со конкретниот тендер, односно до избор на фирма со електронско наддавање, во скратена постапка пет компании да доставиле понуди по што бил склучен договор со компанијата којашто понудила најниска цена, а сумата која се исплаќа на оваа компанијата за технолошкото чистење во рудниците во себе ги содржи сите останати издатоци како превоз, исхрана, лични заштитни средства итн. ВМРО-ДПМНЕ треба да престане да измислува наводни скандали и да шири лажни вести, а нивниот претседател Христијан Мицкоски по шест денови криење, треба да излезе и да даде одговори на прашањата поврзани со договорите вредни 10.5 милиони евра, склучени во неспоредни спогодби, во период кога токму тој раководел со ЕЛЕМ, се вели во реакцијата.