Димитров доби поддршка за реформите и од Луксембург

by fokus

Македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров денеска беше во посета на Луксембург  при што со неговиот домаќин, министерот за надворешни и европски работи Жан Аселборн,  размениле мислења за препораката содржана во последниот Извештај на Европската комисија за Република Македонија и перспективите за добивање датум за отпочнување на пристапни преговори.

– Министерот Аселборн ја реафирмираше поддршката за Република Македонија и ја охрабри Владата да продолжи со реализацијата на внатрешните реформи во насока на реализација на европските и евроатланските интеграции, соопшти македонското Министерство за надворешни работи.

Димитров го брифирал својот домаќин за најновиот развој на внатрешно-политичките состојби, реформската агенда, регионалната соработка, како и заложбите за изнаоѓање компромисно решение за билатералниот спор со Република Грција.

Поврзани новости