Никој не смее да биде фаворизиран, не смее да има судир на интереси, ниту пак расфрлање со народните пари, нешто што беше одлика на владеењеето на ВМРО-ДПМНЕ, реагираат од СДСМ откако опозициската партија ја прозва владата за милионскиот тендер за набавка на реагенси и за поделбата на пари од фондот на компании за функционери од власта.
„Наместо да шири измислици и лажни, неосновани обвинувања, додека во позадина бара амнестија за криминалите, ВМРО-ДПМНЕ да одговори како и на кој начин стана најбогата партија во Европа со имот вреден 60 милиони евра додека Македонија тонеше во долгови. ВМРО-ДПМНЕ, партијата што е симбол на криминал и корупција нема никаков кредибилитет да зборува за јавните набавки, бидејќи токму таа партија бесрамно делеше буџетски пари на партиски членови и послушници, меѓу кои и тендер од над еден милион евра на новинарка и уредничка на два медиума блиски до ВМРО-ДПМНЕ. Јавноста многу добро знае како братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков ја киднапираше целата македонска економија, како двоецот Јанакиески и Груевски договараа провизија од над 25 милиони евра за автопатите, како со милионски суми народни пари се поткупуваа и контролираа бројни медиуми“, соопштија социјалдемократите.
Тие порачуваат дека правилата важат подеднакво за сите, а доколку се утврди каква било неправилност или судир на интереси ќе следува ревизија на одлуките.