Османи: ДУИ на почеток беше против референдум за името, но сега ќе го поддржиме до крај

by Фокус

Се надевам дека на продолжението на лидерската средба во потесен состав во понеделник ќе најдеме решение за стратешките прашања, што е во интерес на сите граѓани, бидејќи дури 75 отсто од нив се за членство во НАТО и ЕУ, изјави вицепремиерот Бујар Османи во Дебар.

Според него, секој треба да направи одредени отстапки доколку се сака да се постигне консензус, како што тоа прва го направила ДУИ, која на почеток беше против одржување на референдум.

– ДУИ активно ќе партиципира во референдумското изјаснување и ќе го подржиме до крај, бидејќи тоа е најдоброто решение за државата, што е идентичен став и на другите албански политички партии во земјава – нагласи Османи.

Поврзани новости