591
Најголемата владејачка партија СДСМ најверојатно ќе го поддржи новиот предлог на претседателот Ѓорге Иванов – Анита Ангеловска – Бежоска да биде гувернер на НБРМ, дознава „Независен весник“ од висок партиски функционер.
За изборот на нов гувернер се потребни 61 глас.
Иванов ја предложи денеска Анита Ангеловска Бежоска за гувернер, откако актуелниот челник на НБРМ Димитар Богов ја повлече кандидатурата.
Мандатот на Богов истекува на 21 овој месец. Не се знае сѐ уште дали новиот предлогна Иванов ќе биде ставен на дневен ред на собраниската седница што почнува во понеделник.