СДСМ на трети март ќе го избере својот кандидат за претседател

by fokus

СДСМ најверојатно на трети март ќе одржи партиски Конгрес на кој ќе биде избран кандидатот за претседателските избори, изјави генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски по завршувањето на состанокот на Извршниот одбор.

По состанокот на Извршниот одбор, вечерва ќе има и Централен одбор на кој ќе се дискутира можноста за одржување на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.

Кирацовски најави дека вечерва би требало да се донесе конечна одлука за тоа дали СДСМ е за предвремени парламентарни избори, а доколку тоа не се случи јавноста ќе биде дополнително известена.

Поврзани новости